Новости

25.06.2020

СООПШТЕНИЕ

Почитувани студенти, 15.07.2020год. е неработен ден поради изборите, затоа испитите закажани на 15.07.2020год. се презакажуваат за 17.07.2020 год. во истите термини.

повеќе

19.06.2020

Им се соопштува на студентите дека испитите кај ред.проф.д-р  Марија Маленковска Тодорова во двата термини од јунската испитна сесија ќе се одржат на Технички факултет Битола, просторија 9.

ред.проф.д-р Марија Маленковска Тодорова

повеќе

11.06.2020

Почитувани студенти,
Ве информирам дека испитите по предметите Техничка механика/Механика I и Јакост на материјалите, ќе се одржат во закажаните термини според објавениот распоред, во просторија 9 (наместо предвидената просторија 205). Сакам уште еднаш да ви посочам дека право на полагање испит, согласно акредитираните елаборати на студиските програми, имаат само студентите кои навремено ќе ги достават програмските задачи и како потврда за тоа ќе добијат потпис во индексот. За оние кои комуницираат по електронски пат, програмските задачи треба да ги достават во електронска верзија до проф. Севде, а со право за полагање се стекнуваат по нејзино одобрување дека истите се точно изработени, (најдоцна 1 ден пред полагањето на испитот).

Со почит,
Проф. Бахтовска

повеќе

26.05.2020

На ден 04.06.2020година, (четврток), во 10.00 часот, ќе се одржи јавна online одбрана на докторската дисертација под наслов, „ПРИДОНЕС КОН ПОСТАПКИТЕ ЗА МОДЕЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВДОЛЖ УРБАНИ АРТЕРИИ - НАПРЕДЕН СТМ МОДЕЛ“, од кандидатот м-р Арлинда Рецај.
Лицата кои се заинтересирани да се вклучат на одбраната, да се обратат на ред.проф. д-р Никола Крстаноски, Претседател на Комисијата за одбрана, на следната електронска адреса: nikola.krstanoski@uklo.edu.mk

повеќе

14.04.2020

На ден 15.04.2020г.(среда) ќе се изврши јавна online одбрана на дипломска на кандидатот Анастасија Крстевска со почеток во 14 часот со примена на алатката ZOOM.

Ментор на одбраната е ред.проф.д-р Силвана Ангелевска,додека претседател на комисија е вонр .проф.д-р Иво Кузманов.

повеќе

26.03.2020

Информација за onine настава по предметите кај проф. д-р Ратка Нешковска:

Почитувани студенти, на вашите e-mail адреси, според податоците од iknow системот за студентите кои запишале или презапишале предмет кај проф. д-р Ратка Нешковска во летниот семестар во учебната 2019/20 год. добивте податоци за термините, начинот и алатките за online наставата. Но, заради евентуални пропусти и нецелосни податоци за студентите или нивните e-mail адреси, ве замолувам добиената порака да ја споделите и во вашите групи на facebook, кои верувам дека ги имате. 

Со почит,
Проф. д-р Ратка Нешковска
повеќе

24.03.2020

Известување за студентите кои имаат запишано предмет и/или предмети кај вонр. проф. д-р. Иво Кузманов.

Почитувани студенти, како што и најголем дел од Вас веќе се информирани од моја страна, согласно настанатата ситуација за предметите: Производствен Менаџмент, Интегрирани Менаџмент Системи и Тотално Управување со квалитет се креирани групи за едноставен проток на информации. Започнувајќи од 16.03.2020 година секој Понеделник и Среда ќе се реализираат Online посетни часови, за што како професор комплетно ќе бидам достапен online на својот мејл ivo.kuzmanov@tfb.uklo.edu.mk, во веќе креираните групи, на својот мобилен телефон 075 295 478, како и преку конференциски повик со апликацијата ZOOM во периодот од 11 – 12.30. Секако стојам на располагање и во останатиот период. Започнувајќи од 27.03.2020 година согласно договорот ќе започне и реализација на online настава со помош на апликацијата ZOOM за која веќе и информации се споделени во соодветните групи. Сепак ги замолувам и сите останати студенти кои евентуално не ме контактирале до сега тоа да го направат преку мејл со цел да бидат додадени во online групите и соодветно да добиваат информации, а секако и да присуствуваат на идни online предавања.

Со почит, Иво Кузманов

повеќе

22.03.2020

Почитувани студенти кои во летниот семестар 2020 ги слушате предметите Технологии на печатење (ГИД) и Основи на инженерство (ГИД и ИИМ) кај вонр. проф. Д-р Роберто Пашиќ. Креиран е youtube канал на кој ќе ги организирам on-line предавањата по овие предмети. Бидејки каналот има private карактер, кон истиот ќе можат да пристапат само студентите кои ги имаат запишано овие предмети. Ве молам најдоцна до понеделник 23.03.2020 на мојата емаил адреса roberto.pasic@uklo.edu.mk да испратите ваши податоци: име и презиме, отсек, број на индекс, предмет и ваша емаил адреса како би ви дозволил пристап.

YOUTUBE канал UC2JJ6jHxlb8Bkz4Jd5GjseA 

повеќе

18.03.2020

Предавања по МАШИНСКИ ЕЛЕМЕНТИ 2

Почитувани студенти од машински отсек 4 семестар - 2 година, во прилог се предавањата по предметот МАШИНСКИ ЕЛЕМЕНТИ 2, кај Ред.проф.д-р Тале Герамитчиоски.

Машински елементи 2 - прв дел

Машински елементи 2 - втор дел

повеќе

14.02.2020

Почитувани студенти,

во прилог е распоред за настава за летен семестар 2019/2020. само за задолжителните предмети.
За изборните предмети ќе се договорите со предметните наставници.
Ви посакуваме успех и среќa во учењето.


Распоред на настава за летен семестар 2019/2020г.

повеќе

29.01.2020

Почитувани студенти,

испитите кај проф.д-р.Благоја Стеваноски: Обновливи извори на електрична енергија и Планирање и експлоатација наЕЕС,

закажани не 05.02.2020г. се презакажуваат за 07.02.2020г. во 10ч.

повеќе

22.01.2020

Почитувани студенти,

Уписите за летен семестар 2019/2020 год. започнуваат на 27.01.2020 год. и завршуваат на 21.02.2020 год.

Потсетуваме дека студентите во прва година задолжително треба да направат систематски преглед за да можат да го извршат уписот.

Со почит,

Технички факултет - Битола

повеќе

20.01.2020

Почитувани студенти,

има промена на испитите во Јануарска испитна сесија, и тоа:

Д-р Соња Чаламани - Среда 12.02.2020г. во 12h

Д-р Светлана Мијаковска - Четврток 13.02.2020 во 12h 

Распоред на испити во Јануарска испитна сесија 

повеќе

13.01.2020

Почитувани студенти,

електронското пријавувањето на испитите во Јануарска испитна сесија е започнато.

Доставувањето на пријави за испитите во Јануарска испитна сесија кај референтите ќе се одвива од 14.01.2020 до 17.01.2020г.

повеќе

18.11.2019

Почитувани студенти,

електронското пријавувањето на испитите во Ноемвриска испитна сесија е започнато.

Доставувањето на пријави за испитите во Ноемвриска  испитна сесија кај референтите ќе се одвива од 19.11.2019 до 22.11.2019г.

повеќе

08.11.2019

Почитувани студенти,

Во прилог е распоред на испити во Ноемвриска испитна сесија 2019/2020г.

Ноемвриска испитна сесија 2019/2020г.

повеќе

14.10.2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Конечна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола во Четврт уписен рок.

Конечна ранг листа

повеќе

14.10.2019

Се известуваат студентите дека уписите за сите отсеци на Техничкиот факултет, ќе се вршат без казна заклучно со 18.10.2019год (петок). Потоа ќе се плаќа казна од 500ден.

повеќе

08.10.2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола во Четврт уписен рок.

Прелиминарна ранг листа 

повеќе

06.10.2019

<< previous | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |