12 Јуни 2017

Центарот за обука на пилоти и Министерството за одбрана нуди можност за практична настава за студенти на ТФБ од 3-та и 4-та година.

Практичната настава ќе се реализира преку Летната школа за авијација од 20.06 (Вторник) до 23.06.2016 (Петок) во Центарот за обука на пилоти на аеродром Петровец. Во прилог се предлог програмата и постерот на школата.

За сите пријавени студенти обезбеден е бесплатен превоз до аеродром Петровец. Министерството за одбрана ги стави на располагање и користење сите свои меѓуградски линии до аеродром Петровец.

Кандидатите кои сакаат да се пријават за школата треба да испратат емаил на info@elbitsystems-mk.com со следниве податоци:

Име и Презиме
Емаил
Датум на раѓање
Број на лична карта
Број на индекс
Факултет
Отсек
Студиска година
Запишан семестар
Телефон за контакт

Постер
Програма