30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

Заради тоа, оние студенти кои претходно не купиле тетратка и пријава, а имаат испит во периодот од 02.02.2015 г. до 05.02.2015 г., плаќањето за истите треба да го извршат со уплатница на сметката на факултетот со цел на дознака „за пријава / тетратка за испит".

Уплатницата се доставува во скриптарата од каде ќе можат да подигнат пријава / тетратка за испит.

Цена на 1 пријава = 15 ден.
Цена на 1 тетратка = 15 ден.