24 Април 2019

Повик за студентите од УКЛО:

Економски Факултет Прилеп и Технички Факултет Битола

1. Водители на финалниот настан и

2. Волонтери за логистички менаџмент

3. Уметничко учество

Почитувани студентки и студенти,

Би сакале во круната на овој проект УКЛО за заедницата да ги вметнеме и вашите паметни глави. Тоа значи на финалниот настан кој ќе биде свечен, скоро целодневен и со широка публика од сите стејкхолдери, ќе треба да се здружите, најмалку двајца (а може и повеќемина), ќе направиме сценарио а вие ќе го модерирате настанот. Ораторите, тие што пишувавте говори, есеи, писма (си знаете кои сте), специјална покана на тие што учествуваа во проектот во минатиот семестар ... повелете пријавете се. Краен рок 5-ти Мај! Консултации во меѓувреме, на Емаил (renata.petrevska@eccfp.edu.mk или на тел. 071379570) а со пријавените се гледаме во вторник на 7-ми Мај во канцеларија. Истото важи и за логистика - смислување на агендата, постери, презентации, изработки, координирање на соработниците и сл. Ако има некој што би можел да изработува уметнички цртежи од настанот, или специјално видување низ фотографии, го покануваме исто така, тоа би било awesome! Сите вклучени ќе добијат соодветна потврда за своето учество во проектот. Најверојатен датум на одржување на настанот - 1-ви Јуни.

Нетрпеливо ве очекуваме да се охрабрите!

(Кликнете на опциите во овај Poll само ако се пријавувате)

п.с. Не може да се пријавуваат тие што се директно носители на проектот овој семестар, веќе имате голема улога

Портал на проектот:

http://moodle.eccfp.edu.mk/course/view.php?id=190

Технички факултет Битола - ТФБ Економски Факултет - Прилеп