10 Септември 2014

Третиот уписен рок ќе се спроведува на 15 Септември, 2014 г. Може да се конкурира и со училишна матура / завршен испит.
При пријавувањето најпрво е потребна електронска регистрација на http://upisi.uklo.edu.mk/ и внесување лични податоци и постигнат успех од средно образование.
После електронската регистрација треба да се достават следните документи:

  1. Пријава за запишување (се купува во факултетот)
  2. Оригинални свидетелства од сите години средно образование
  3. Оригинално свидетелство за завршено средно образование
  4. Документ - Диплома за: положена државна матура или положена училишна матура или положен завршен испит
  5. Извод од матичната книга на родените
  6. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
  7. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот со назнака за манипулативни трошоци (линк)
  8. За кандидати за вонредни студенти: При пријавувањето за запишување како вонредни студенти, кандидатите поднесуваат: копија од Образец М1 и М2 заверена на нотар или лекарско уверение (издадено од соодветна здравствена установа) или доказ дека е родител на дете за кое сеуште трае правото на породилно отсуство.
  9. За кандидати кои имаат завршено сродно вишо или високо образование: Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат и соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока.

За подетални информации можете да го симнете дополнителниот конкурс за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на универзитетот ,,Св. Климент Охридски" - Битола во академската 2014/2015 год. Повеќе
Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби.