Следни испити

Септември/Октомври
П В С Ч П С Н
21222324252627
2829301234
567891011
12131415161718
19202122232425
сите

Новости

25 Септември 2020

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2020/21г. на Технички факултет-Битола во Трет уписен рок.

Прелиминарна ранг листа

повеќе

23 Септември 2020

Почитувани студенти,

Во врска со уписот на зимски сем. 2020/2021 г. Ве потсетуваме дека:

1. Пред запишувањето треба задолжително да ја пополните анонимната анкета која ја имате во Вашето електронско досие во горниот десен агол;
2. Да ја имате завршено обврската за практична настава;
3. Освен редовните уплати за партиципација и материјали за упис, да се уплатат 100 ден. за Универзитетско студентско собрание и 100 ден. за Факултетско студентско собрание, како и 100 ден. за колективно осигурување.
Технички факултет - Битола  

повеќе

21 Септември 2020

Почитувани,

Online пријавувањето за упис на Технички факултет - Битола за учебната 2020/2021 год. во Трет уписен рок е започнато.

повеќе

21 Септември 2020

Почитувани кандидати,

Во прилог е Решение за прием на кандидати на Технички факултет - Битола во учебната 2020/21г. Втор уписен рок.

Решение за прием на кандидати

повеќе

17 Септември 2020

Почитувани студенти,

Уписот за повисоките години на Технички факултет - Битола е започнат.

повеќе

17 Септември 2020

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2020/21г. на Технички факултет-Битола во Втор уписен рок.

Прелиминарна ранг листа 

повеќе

09 Септември 2020

Почитувани,

Online пријавувањето за упис на Технички факултет - Битола за учебната 2020/2021 год. во Втор уписен рок е започнато.

повеќе

09 Септември 2020

Почитувани кандидати,

Во прилог е Решение за прием на кадидати на Технички факултет - Битола во учебната 2020/21г. Прв уписен рок.

Решение за прием на кандидати

повеќе

08 Септември 2020

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА IKNOW - серверот ставен во функција!

Почитувани,
Ве известуваме дека iKnow сервисот е подигнат и истиот е функционален. Напоменуваме на одредена резерва на функционалноста на одредени делови и модули од сервисот, на кои интензивно ќе се работи следниве денови.
Ви благодариме на разбирањето.

повеќе

07 Септември 2020

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2020/21г. на Технички факултет-Битола во Прв уписен рок.

Прелиминарна ранг листа

повеќе

07 Септември 2020

Почитувани, 

по барање на студентите, заради поклопување на термини се врши следната измена:
1. Проф. Методија Атанасовски - на 16. 09. 2020  - во 12.00 часот
2. Прод. Благоја Арапиноски - на ден 18. 09. 2020. - во 12.00 часот
Со почит, 
проф. д-р Верица Данчевска
продекан за настава на ТФБ

повеќе

05 Септември 2020

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА IKNOW!

Почитувани студенти,
заради хардверски дефект на опрема на која се хостира iKnow системот, Ве известуваме дека iKnow системот моментално не е во функција.
Се работи на отстранување на дефектот, но со оглед дека се работи за специфичен хардвер не можеме да одредиме кога ќе се отстрани дефектот.
Во меѓувреме уписите и испитите ќе продолжат без користење на iKnow системот, врз основа на хартиена документација.

повеќе

01 Септември 2020

Почитувани студенти на втор и трет циклус,

Отворена е анкетна сесија за оценување на студиските програми на коишто студирате и наставно-образовната дејност на наставниците и соработниците.

Ве молиме да ги пополните анкетните листови што ќе ви се појават при најава на вашите профили во iKnow системот, најдоцна до 15 септември, 2020. Вашето мислење за работата на единицата на којашто студирате е од посебно значење за забележување и детектирање на недостатоците, но и предностите на студиите од втор, односно трет циклус и се зема во предвид при донесувањето одлуки за унапредување на квалитетот на работа и подобрување на условите за студирање, како на ниво на единица, така и на Универзитетско ниво.

Ви благодариме за одвоеното време!

повеќе

01 Септември 2020

Им се соопштува на студентите дека испитите кај ред.проф.д-р  Марија Маленковска Тодорова во двата термини од септемвриска испитна сесија ќе се одржат на Технички факултет Битола, просторија 9.

ред.проф.д-р Марија Маленковска Тодорова

повеќе

24 Август 2020

УПИСИ 2020/2021

Потребни документи за пријавување на Технички Факултет-Битола:

1. Пријава за запишување (се подига од факултет)

2. Електронска пријава (од iKnow-системот)

3.Оригинални свидетелства од сите класови од средно образование

4. Оригинал документ:  Диплома за завршено средно образование во учебната 2019/2020 година/ Диплома за положена државна матура/ Свидетелство за завршено средно образование

5. Незаверени копии од документите од претходното образование

6. Извод од матична книга на родените

7. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) 

8. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на Технички Факултет-Битола

  

повеќе

24 Август 2020

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат студентите дека пријавувањето на испити за Септемвриска испитна сесија 2020г. ќе се одвива од 24.08.2020г (понеделник) до 26.08.2020г (среда). За секој испит се уплаќа 300 ден., а за промена на термин за полагање не се плаќа дополнително.

Заради почитување на мерките за заштита од Корона вирусот при пријавувањето за запишување во Прва година, испитни пријави нема да се примаат во службите за студентски прашања на ден 27.08.2020г(четврток), 31.08.2020г (понеделник) и 01.09.2020г(вторник).

повеќе

20 Јули 2020

СООПШТЕНИЕ

На ден 29.07.2020 год. (среда) во 10.00 часот во просториите на Технички факултет, Битола, М-р. Емељ Хамза Шериф ќе ја брани својата докторска дисертација со наслов „КРЕИРАЊЕ НА МОДЕЛ ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА СКЛАДИШЕН ЦЕНТАР ЗА ХУМАНИТАРНА ЛОГИСТИКА“.

Одбраната на дисертацијата ќе биде пред Комисија во состав:

Ред. проф. Д-р Цветановски Иле,  Технички факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

ile.cvetanovski@uklo.edu.mk

Ред. проф. Д-р Крстаноски Никола,Технички факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола.

nikola.krstanoski@uklo.edu.mk

Ред. проф. Д-р Дукоски Иво, Технички факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола.

ivo.dukoski@uklo.edu.mk

Ред. проф. Д-р Васка Атанасова, Технички факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола.

vaska.atanasova@uklo.edu.mk

Вонр. проф. Д-р Боцевска Андријана, Универзитет ,,Св. Климент Охридски,, - Битола, Факултет за ИКТ – Битола.

andrijana.bocevska@fikt.edu.mk

повеќе

25 Јуни 2020

СООПШТЕНИЕ

Почитувани студенти, 15.07.2020год. е неработен ден поради изборите, затоа испитите закажани на 15.07.2020год. се презакажуваат за 17.07.2020 год. во истите термини.

повеќе

19 Јуни 2020

Им се соопштува на студентите дека испитите кај ред.проф.д-р  Марија Маленковска Тодорова во двата термини од јунската испитна сесија ќе се одржат на Технички факултет Битола, просторија 9.

ред.проф.д-р Марија Маленковска Тодорова

повеќе

11 Јуни 2020

Почитувани студенти,
Ве информирам дека испитите по предметите Техничка механика/Механика I и Јакост на материјалите, ќе се одржат во закажаните термини според објавениот распоред, во просторија 9 (наместо предвидената просторија 205). Сакам уште еднаш да ви посочам дека право на полагање испит, согласно акредитираните елаборати на студиските програми, имаат само студентите кои навремено ќе ги достават програмските задачи и како потврда за тоа ќе добијат потпис во индексот. За оние кои комуницираат по електронски пат, програмските задачи треба да ги достават во електронска верзија до проф. Севде, а со право за полагање се стекнуваат по нејзино одобрување дека истите се точно изработени, (најдоцна 1 ден пред полагањето на испитот).

Со почит,
Проф. Бахтовска

повеќе

26 Мај 2020

На ден 04.06.2020година, (четврток), во 10.00 часот, ќе се одржи јавна online одбрана на докторската дисертација под наслов, „ПРИДОНЕС КОН ПОСТАПКИТЕ ЗА МОДЕЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВДОЛЖ УРБАНИ АРТЕРИИ - НАПРЕДЕН СТМ МОДЕЛ“, од кандидатот м-р Арлинда Рецај.
Лицата кои се заинтересирани да се вклучат на одбраната, да се обратат на ред.проф. д-р Никола Крстаноски, Претседател на Комисијата за одбрана, на следната електронска адреса: nikola.krstanoski@uklo.edu.mk

повеќе

14 Април 2020

На ден 15.04.2020г.(среда) ќе се изврши јавна online одбрана на дипломска на кандидатот Анастасија Крстевска со почеток во 14 часот со примена на алатката ZOOM.

Ментор на одбраната е ред.проф.д-р Силвана Ангелевска,додека претседател на комисија е вонр .проф.д-р Иво Кузманов.

повеќе

26 Март 2020

Информација за onine настава по предметите кај проф. д-р Ратка Нешковска:

Почитувани студенти, на вашите e-mail адреси, според податоците од iknow системот за студентите кои запишале или презапишале предмет кај проф. д-р Ратка Нешковска во летниот семестар во учебната 2019/20 год. добивте податоци за термините, начинот и алатките за online наставата. Но, заради евентуални пропусти и нецелосни податоци за студентите или нивните e-mail адреси, ве замолувам добиената порака да ја споделите и во вашите групи на facebook, кои верувам дека ги имате. 

Со почит,
Проф. д-р Ратка Нешковска

повеќе

24 Март 2020

Известување за студентите кои имаат запишано предмет и/или предмети кај вонр. проф. д-р. Иво Кузманов.

Почитувани студенти, како што и најголем дел од Вас веќе се информирани од моја страна, согласно настанатата ситуација за предметите: Производствен Менаџмент, Интегрирани Менаџмент Системи и Тотално Управување со квалитет се креирани групи за едноставен проток на информации. Започнувајќи од 16.03.2020 година секој Понеделник и Среда ќе се реализираат Online посетни часови, за што како професор комплетно ќе бидам достапен online на својот мејл ivo.kuzmanov@tfb.uklo.edu.mk, во веќе креираните групи, на својот мобилен телефон 075 295 478, како и преку конференциски повик со апликацијата ZOOM во периодот од 11 – 12.30. Секако стојам на располагање и во останатиот период. Започнувајќи од 27.03.2020 година согласно договорот ќе започне и реализација на online настава со помош на апликацијата ZOOM за која веќе и информации се споделени во соодветните групи. Сепак ги замолувам и сите останати студенти кои евентуално не ме контактирале до сега тоа да го направат преку мејл со цел да бидат додадени во online групите и соодветно да добиваат информации, а секако и да присуствуваат на идни online предавања.

Со почит, Иво Кузманов

повеќе

22 Март 2020

Почитувани студенти кои во летниот семестар 2020 ги слушате предметите Технологии на печатење (ГИД) и Основи на инженерство (ГИД и ИИМ) кај вонр. проф. Д-р Роберто Пашиќ. Креиран е youtube канал на кој ќе ги организирам on-line предавањата по овие предмети. Бидејки каналот има private карактер, кон истиот ќе можат да пристапат само студентите кои ги имаат запишано овие предмети. Ве молам најдоцна до понеделник 23.03.2020 на мојата емаил адреса roberto.pasic@uklo.edu.mk да испратите ваши податоци: име и презиме, отсек, број на индекс, предмет и ваша емаил адреса како би ви дозволил пристап.

YOUTUBE канал UC2JJ6jHxlb8Bkz4Jd5GjseA 

повеќе

18 Март 2020

Предавања по МАШИНСКИ ЕЛЕМЕНТИ 2

Почитувани студенти од машински отсек 4 семестар - 2 година, во прилог се предавањата по предметот МАШИНСКИ ЕЛЕМЕНТИ 2, кај Ред.проф.д-р Тале Герамитчиоски.

Машински елементи 2 - прв дел

Машински елементи 2 - втор дел

повеќе

14 Февруари 2020

Почитувани студенти,

во прилог е распоред за настава за летен семестар 2019/2020. само за задолжителните предмети.
За изборните предмети ќе се договорите со предметните наставници.
Ви посакуваме успех и среќa во учењето.


Распоред на настава за летен семестар 2019/2020г.

повеќе

29 Јануари 2020

Почитувани студенти,

испитите кај проф.д-р.Благоја Стеваноски: Обновливи извори на електрична енергија и Планирање и експлоатација наЕЕС,

закажани не 05.02.2020г. се презакажуваат за 07.02.2020г. во 10ч.

повеќе

22 Јануари 2020

Почитувани студенти,

Уписите за летен семестар 2019/2020 год. започнуваат на 27.01.2020 год. и завршуваат на 21.02.2020 год.

Потсетуваме дека студентите во прва година задолжително треба да направат систематски преглед за да можат да го извршат уписот.

Со почит,

Технички факултет - Битола

повеќе

20 Јануари 2020

Почитувани студенти,

има промена на испитите во Јануарска испитна сесија, и тоа:

Д-р Соња Чаламани - Среда 12.02.2020г. во 12h

Д-р Светлана Мијаковска - Четврток 13.02.2020 во 12h 

Распоред на испити во Јануарска испитна сесија 

повеќе

13 Јануари 2020

Почитувани студенти,

електронското пријавувањето на испитите во Јануарска испитна сесија е започнато.

Доставувањето на пријави за испитите во Јануарска испитна сесија кај референтите ќе се одвива од 14.01.2020 до 17.01.2020г.

повеќе

18 Ноември 2019

Почитувани студенти,

електронското пријавувањето на испитите во Ноемвриска испитна сесија е започнато.

Доставувањето на пријави за испитите во Ноемвриска  испитна сесија кај референтите ќе се одвива од 19.11.2019 до 22.11.2019г.

повеќе

08 Ноември 2019

Почитувани студенти,

Во прилог е распоред на испити во Ноемвриска испитна сесија 2019/2020г.

Ноемвриска испитна сесија 2019/2020г.

повеќе

14 Октомври 2019

Се известуваат студентите дека уписите за сите отсеци на Техничкиот факултет, ќе се вршат без казна заклучно со 18.10.2019год (петок). Потоа ќе се плаќа казна од 500ден.

повеќе

14 Октомври 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Конечна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола во Четврт уписен рок.

Конечна ранг листа

повеќе

08 Октомври 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола во Четврт уписен рок.

Прелиминарна ранг листа 

повеќе

06 Октомври 2019

Почитувани студенти,

во прилог е корегиран распоред за зимски семестар 2019/20г.

Распоред за настава за Прв семестар 2019/20

Распоред за настава за Трет семестар 2019/20

Распоред за настава за Петти семестар 2019/20

Распоред за настава за Седми семестар 2019/20

повеќе

03 Октомври 2019

Почитувани,

Во прилог е

Дополнителен конкурс за четврт уписен рок 2019-2020.

повеќе

01 Октомври 2019

Почитувани студенти,

објавен е распоред за настава зимски семестар за академската 2019-20год.

Распоред за настава за Прв семестар 2019/20г.

Распоред за настава за Трет семестар 2019/20г.

Распоред за настава за Петти семестар 2019/20г.

Распоред за настава за Седми семестар 2019/20г.

повеќе

27 Септември 2019

Почитувани студенти,

При уписот има ставка за осигурување од 100ден. Оние студенти кои извршиле упис може да уплатат во текот на наредната недела.

повеќе

27 Септември 2019

Се покануваат сите нови студенти кои се запишаа во прва година на Технички факултет во Битола да присуствуваат на ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС кој ќе се одржи на 01. 10. 2019 (вторник) во 10,00 часот во Свечената сала во факултетот (уч.9). Со овој чин започнува Новата академска 2019/20 година. 

Ви посакуваме многу среќа и успешно студирање.

повеќе

27 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Решение за прием во трет уписен рок на студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола.

Решение за прием во трет уписен рок

повеќе

25 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола во Трет уписен рок.

Прелиминарна ранг листа 

повеќе

23 Септември 2019

Почитувани,

Во прилог е

Дополнителен конкурс за трет уписен рок 2019-2020

повеќе

20 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Решение за прием во втор уписен рок на студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола.

Решение за прием во втор уписен рок

повеќе

18 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола во Втор уписен рок.

Прелиминарна ранг листа 

повеќе

17 Септември 2019

Се известуваат студентите дека уписите за II, III и IV година за студентите од сите отсеци на Техничкиот факултет ќе започнат од 23.09.2019 год.

Дополнителни информации ќе бидат објавени на веб страната и во службите за студентски прашања.

повеќе

12 Септември 2019

Почитувани,

Во прилог е

Дополнителен конкурс за втор уписен рок 2019-2020.

повеќе

06 Септември 2019

СООПШТЕНИЕ

Им се соопштува на студентите дека има промена на термините за полагање испити за летен семестар во  распоредот во Септемвриска сесија за следните професори: 

 1.      Ред. проф. д-р Елизабета Бахтовска  на 24. 09. 2019 во 10 часот училна 205 Вонр. проф. д-р Севде Ставрева

ИСПИТИТЕ СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ ЗАРАДИ СОВПАЃАЊЕ.

повеќе

06 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Решение за прием во прв уписен рок на студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола.

Решение за прием во прв уписен рок

повеќе

03 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола.

Прелиминарна ранг листа 

повеќе

27 Август 2019

Почитувани студенти,

Во прилог е

Распоред на испити за Септемвриска испитна сесија 2019год.

повеќе

26 Август 2019

Почитувани студенти,

електронското пријавувањето на испитите во Септемвриска испитна сесија е започнато.

Доставувањето на пријави за испитите во Септемвриска испитна сесија кај референтите ќе се одвива од 27.08.2019 до 04.09.2019г.

повеќе

16 Јули 2019

Конкурс за упис во прв, втор и трет циклус на студии на УКЛО – Битола во академската 2019/2020

Конкурс за упис на прв циклус на студии во академската 2019-2020 

Конкурс за упис на втор циклус на студии во академската 2019-2020

Конкурс за упис на трет циклус на студии во академската 2019-2020

Online пријавување за упис во прва година на Технички факултет - Битола

повеќе

24 Јуни 2019

Почитувани,

Ве информирани дека на 25.06.2019 год. (втроник) во 11 часот ќе се одржи свечено доделување на дипломи за I и II циклус во Амфитеатарот на факултет.

Ве покануваме да присуствувате на оваа свечена пригода.

повеќе

18 Јуни 2019

Успешно завршен мултидисциплинарниот проект „Укло за заедницата“.

повеќе

07 Јуни 2019

Почитувани студенти,

Во прилог е Распоредот на испити за Јунска сесија 2019.

повеќе

31 Мај 2019

Почитувани студенти,

електронското пријавувањето на испитите во Јунска испитна сесија е започнато.

Доставувањето на пријави за испитите во Јунска испитна сесија кај референтите ќе се одвива од 05.06.2019 до 12.06.2019.

повеќе

20 Мај 2019

Почитувани,

Во прилог се дадени листите за избор на членови и претседател на студентско собрание на Технички факултет-Битола, како и листа за запишани студенти во летен семестар 2018-19.

Листа за избор на членови на студентско собрание на Технички факултет-Битола.

Листа за избор на претседател на студентско собрание на Технички факултет-Битола.

Листа на запишани студенти во летен семестар 2018-19.

повеќе

09 Мај 2019

Се информираат студентите на Технички факултет - Битола, дека на ден 13.05.2019 год. (понеделник), со почеток во 11 ч, во просторија 205, ќе се одржи средба со членови на Универзитетската комисија за самоевалуација, со кои студентите ќе може да поразговараат за условите на студирање, проблемите и предизвиците со кои се среќаваат. Ве молиме за што помасовно присуство. Во овој период, студентите ќе бидат ослободени од настава. Комисија за самоевалуација при ТФБ

повеќе

02 Мај 2019

Почитувани,

Деканатот на Технички факултет - Битола распиша оглас за избор на членови и претседател на студентско собрание на Технички факултет-Битола.

Огласот може да го проследите на следниот линк.

повеќе

25 Април 2019

Почитувани,

Деканатот на Технички факултет - Битола донесе одлука за распишување на избори за членови и претседател на студентско собрание на Технички факултет-Битола.

Одлуката може да ја проследите на следниот линк.

повеќе

24 Април 2019

Повик за студентите од УКЛО:

Економски Факултет Прилеп и Технички Факултет Битола

1. Водители на финалниот настан и

2. Волонтери за логистички менаџмент

3. Уметничко учество

повеќе

10 Април 2019

Почитувани студенти,

во прилог е конечниот распоред за априлска сесија 2018/2019.
Ве молам пријавите ги вашите испити во студентски прашања во периодот од 15 до 17 април 2019. Оваа сесија за сите испити се уплаќаат по 300 денари.

 Распоред за априлска сесија 2018/2019.



повеќе

01 Март 2019

Се известуваат студентите дека уписите за сите отсеци на Технички факултет ќе се одвиваат без надоместок заклучно со вторник (05.03.2019год.)

Од среда (06.03.2019год.) уписите ќе бидат со надоместок.

повеќе

18 Февруари 2019

Почитувани студенти,

направени се промени во Распоредот за настава летен семестар 2018-19год.

повеќе

15 Февруари 2019

Почитувани студенти,

објавен е распоред за настава летен семестар за академската 2018-19год.

Распоред за настава летен семестар за академската 2018-19год.

повеќе

01 Февруари 2019

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат студентите дека уписите за летен семестар ќе започнат од Среда 06.02.2019 год.

повеќе

28 Јануари 2019

СООПШТЕНИЕ

Им се соопштува на студентите дека има промена на термините за полагање испити за зимски семестар во  распоредот во Јануарска сесија за следните професори: 

 1.      Ред. проф. д-р Елизабета Бахтовска  на 31. 01. 2019 во 12 часот училна 205 Вонр. проф. д-р Севде Ставрева

 2.      Вонр. проф. д-р Соња Чаламани на 07. 02. 2019 во 12 часот училна 205 

ИСПИТИТЕ СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ ЗАРАДИ СОВПАЃАЊЕ.

повеќе

21 Јануари 2019

Се известуваат студентите дека пријавувањето на испити за Јануарска испитна сесија, се продолжува до Петок 25.01.2019 год.

повеќе

10 Јануари 2019

Почитувани студенти,

Срекна  Нова 2019 Година и многу здравје, среќа и успех.
Во прилог е годишен распоред на испити за јануарска, јунска и септемвриска сесија.
ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИ ЗА ЈАНУАРСКА СЕСИЈА Е ОД 14 ДО 18 ЈАНУАРИ 2019. ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ И ВО iKnow  СИСТЕМОТ.
Оваа сесија се уплаќа по 300 денари за испити од летен семестар. Административна такса од 50 денари се уплаќа за сите испити.

повеќе

31 Декември 2018

Почитувани,

информирајте се  за ПРЕЛИМИНАРЕН ПОВИК за изразување интерес за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата за Академска 2019/2020, на следниот ЛИНК.

повеќе

30 Ноември 2018

Се известуваат студентите запишани на ВТОРИОТ ЦИКЛУС на студиската програма СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ дека за реализација на наставата на задолжителниот предмет МАТЕМАТИЧКИ МЕТОДИ ВО СООБРАЌАЈОТ се закажани следните термини:
07.12.2018 во 12:00 h
14.12.2018 во 12:00 h
21.12.2018 во 12:00 h
28.12.2018 во 12:00 h
05.01.2019 во 12:00 h
12.01.2019 во 12:00 h
Наставата ќе се изведува во КАБИНЕТ број 4.

повеќе

08 Ноември 2018

Почитувани, објавен е Четврт уписен рок за II циклус на студии и Трет уписен рок за III циклус на студии.

Пријавување за II циклус е на 12.11.2018 и 13.11.2018, а уписот е на 20.11.2018.

Пријавување за III циклус е на 12.11.2018, 13.11.2018 и 14.11.2018, а уписот е на 23.11.2018.

повеќе

08 Ноември 2018

Почитувани студенти објавена е распоредот за Ноемвриска испитна сесија.

Распоред на испити за Ноемвриска испитна сесија.

повеќе

07 Ноември 2018

Почитувани студенти, во прилог ви е даден 

Конкурс за стипендија од Програмата за пракса на германското стопанство
Конкурсот е отворен до 13 ноември
Може да аплицирате онлајн на страната: 


https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/


Стипендирана пракса по струка во Германија, која воедно трае од три до шест месеци. Наменета е за студенти од трета и четврта година додипломски студии, мастер студии и докторски студии.

Информации може да најдете и овде.

 

повеќе

07 Ноември 2018

 

Одлука за прием на кандидати за Втор циклус студии по Сообраќајно-транспортно инженерство во учебната 2018/2019.

повеќе

31 Октомври 2018

Почитувани, на 06.11.2018 год. од 17-20 часот, на Технички факултет – Битола ќе се одржи презентација на тема Фотоволтаични Системи - Сите Одговори На Едно Место (Битола), организирана од  Ротари Клуб „Битола„ и „Широк сокак„, Технички факултет-Битола, Ефикс Електрикал.

Презентацијата и влезот се слободни.

Регистрација за присуство: info@efixelectrical.com.mk

Име и презиме, тел. број и електронска адреса.

повеќе

30 Октомври 2018

 Одлука за прием на кандидати на III циклус студии на Технички факултет во Вториот уписен рок 2018/19.

повеќе

12 Октомври 2018

Се известуваат студентите дека уписите за сите отсеци на Техничкиот факултет, ќе се вршат без казна заклучно со 17.10.2018год (среда).

повеќе

09 Октомври 2018

Почитувани студенти, во продолжение е да даден

О Г Л А С за доделување стипендии за студенти на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“, Битола.

повеќе

06 Октомври 2018

Информација за студентите на Втор циклус студии Сообраќај и транспорт

УПИСИТЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО ПРЕЗАПИШУВААТ ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР НА ВТОР ЦИКЛУС АКАДЕМСКИ СТУДИИ СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ, ќе започнат на 15.10.2018 год.

повеќе

03 Октомври 2018

Почитувани студенти, објавен е распоредот за настава за академската 2018/2019 за сите студиски програми. 

Распоред за настава за академска 2018/2019.

повеќе

02 Октомври 2018

 

 

повеќе

01 Октомври 2018

Дополнителен конкурс за прв циклус студии - четврт уписен рок
(За кандидати со државна матура, со завршен испит или училишна матура. Пријавување на 03.10.2018 год.)

Конкурсот е даден на следниот линк.

повеќе

28 Септември 2018

Почитувани студенти,  објавен е распоредот за настава за Прв семестар за академската 2018/2019 за сите студиски програми. 

Распоред за Прв семестар за академска 2018/2019.



повеќе

26 Септември 2018

Се покануваат сите нови студенти кои се запишаа во прва година на Технички факултет во Битола да присуствуваат на ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС кој ќе се одржи на 01. 10. 2018 во 11,00 часот во Свечената сала во факултетот. Со овј чин започнува Новата академска 2018/19 година, а новите студенти1 стануваат академски граѓани на Република Македонија. 

Ви посакуваме многу среќа и успешно студирање.

повеќе

20 Септември 2018

Се известуваат сите студенти од втора, трета и четврта година, кои ќе вршат упис на зимскиот семестар во академската 2018/19, претходно, МОРА, задолжително да ја пополнат студентската анкета која им е достапна во нивното електронско досие.

             Во спротивно, нема да можат да го спроведат уписот.

повеќе

20 Септември 2018

Се известуваат студентите дека уписите за II, III и IV година за студентите од сите отсеци на Техничкиот факултет (Електротехнички, Машински, Сообраќај и транспорт, Индустриски менаџмент, Графички) ќе се вршат од 24.09.2018 год.

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Вештини за припрема на презентација и презентирање

Временска рамка на работилницата: Понеделник (22.01.2018 г.), од 13:30 до 16:30ч, Четврток (25.01. 2018 г.), од 13:30 до 16:30ч

Место: ТФБ, лаб. 404

Краток опис:
Презентациските вештини се корисни во сите области, во животот и работата, без разлика дали се обидуваме да продадеме нешто, да научиме некого или да ја претставиме својата работа на нашите претпоставени, колеги или соработници. Повеќето луѓе се соочуваат со голем предизвик кога треба да имаат своја презентација пред публика. Сепак, добрите презентациски вештини не се резервирани само за посебни личности, напротив, секој може да ги научи. Со вистинско образование и обука, секој може да одржи одлична презентација која ги исполнува највисоките професионални стандарди.

more

ВАЖНОСТ НА ПАН ЕВРОПСКИОТ КОРИДОР X-d ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ И ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Петок 22. 12. 2017 год. во 10. 30ч., во „КАПРИ" хотел & ресторант - Битола

Прилог: програма

EASYPOWER – ELECTRICAL NETWORK MODELLING AND ANALYSIS SOFTWARE TOOL - гостувачка презентација

ПРЕЗЕНТЕР: г-дин Октавијан Шошдеан

Директор на фирмата ENERA од Белград, Република Србија (http://www.enera-cmc.com), која е комерцијален застапник на софтверскиот пакет EASYPOWER

(http://www.easypower.com).

Презентацијата е наменета за студентите и академскиот кадар на ТФБ, инженери и компании од електроенергетскиот сектор и индустријата. Ве покануваме да присуствувате на презентацијата.

СРЕДА, 06 ДЕКЕМВРИ 2017 г., АМФИТЕАТАР, ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ-БИТОЛА, 12.00 часот

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОВИТЕ - II Меѓународна Конференција од областа сообраќај и транспорт „Транспортот во денешното општество“

17 – 19 мај 2018, Технички факултет Битола

Им се соопштува на сите заинтересирани автори на трудови дека роковите за поднесување на апстракт и известување за прифаќање на апстрактот за II Меѓународна Конференција „Транспортот во денешното општество", се продолжени.

Новите датуми се:

  • Поднесување на апстракт: 10.12.2017
  • Известување за прифаќање на апстрактот: 15.12.2017

Повеќе детали се достапни на ttsconference.org.

Технички факултет Битола
Отсек за сообраќај и транспорт

Дополнителен конкурс за втор циклус студии четврт уписен рок

Конкурс.

ПРЕЛИМИНАРЕН ПОВИК за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата за академска 2018/2019

Како и секоја академска година, УКЛО го објавува Повикот за изразување прелиминарен интерес за учество во мобилност во рамките на Е+ Програмата - Клучна акција 103: индивидуална мобилност за учење, Високо образование:

  • мобилност на студентите за студирање (SMS)
  • мобилност на студенти за стажирање (SMP)
  • мобилност на академски кадар за настава (ЅТА)

Прелиминарниот интерес се изразува преку пополнување:

  1. ПРЕЛИМИНАРНА ПРИЈАВА ЗА СТУДЕНТИ;
  2. ПРЕЛИМИНАРНА ПРИЈАВА ЗА АКАДЕМСКИ КАДАР

Надворешна евалуација на Универзитетот

На 17, 18 и 19 октомври 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски" – Битола ќе се реализира втората посета на експертскиот тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети во рамките на процесот на спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Надворешната евалуција е единствена можност за добивање објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се', на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Агендата на експертскиот тим предвидува средби со раководството на УКЛО, комисиите за наставно-научни прашања и за соработка со универзитетите во земјата и странство на Универзитетот, истражувачи, докторанти и административен кадар од нашиот Универзитет, како и одвоени посети на Факултетот за биотехнички науки и Факултетот за информатички и комуникациски технологии.


| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |