Следни испити

Јули/Август
П В С Ч П С Н
6789101112
13141516171819
20212223242526
272829303112
3456789
сите

Новости

25 Јуни 2020

СООПШТЕНИЕ

Почитувани студенти, 15.07.2020год. е неработен ден поради изборите, затоа испитите закажани на 15.07.2020год. се презакажуваат за 17.07.2020 год. во истите термини.

повеќе

19 Јуни 2020

Им се соопштува на студентите дека испитите кај ред.проф.д-р  Марија Маленковска Тодорова во двата термини од јунската испитна сесија ќе се одржат на Технички факултет Битола, просторија 9.

ред.проф.д-р Марија Маленковска Тодорова

повеќе

11 Јуни 2020

Почитувани студенти,
Ве информирам дека испитите по предметите Техничка механика/Механика I и Јакост на материјалите, ќе се одржат во закажаните термини според објавениот распоред, во просторија 9 (наместо предвидената просторија 205). Сакам уште еднаш да ви посочам дека право на полагање испит, согласно акредитираните елаборати на студиските програми, имаат само студентите кои навремено ќе ги достават програмските задачи и како потврда за тоа ќе добијат потпис во индексот. За оние кои комуницираат по електронски пат, програмските задачи треба да ги достават во електронска верзија до проф. Севде, а со право за полагање се стекнуваат по нејзино одобрување дека истите се точно изработени, (најдоцна 1 ден пред полагањето на испитот).

Со почит,
Проф. Бахтовска

повеќе

26 Мај 2020

На ден 04.06.2020година, (четврток), во 10.00 часот, ќе се одржи јавна online одбрана на докторската дисертација под наслов, „ПРИДОНЕС КОН ПОСТАПКИТЕ ЗА МОДЕЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВДОЛЖ УРБАНИ АРТЕРИИ - НАПРЕДЕН СТМ МОДЕЛ“, од кандидатот м-р Арлинда Рецај.
Лицата кои се заинтересирани да се вклучат на одбраната, да се обратат на ред.проф. д-р Никола Крстаноски, Претседател на Комисијата за одбрана, на следната електронска адреса: nikola.krstanoski@uklo.edu.mk

повеќе

14 Април 2020

На ден 15.04.2020г.(среда) ќе се изврши јавна online одбрана на дипломска на кандидатот Анастасија Крстевска со почеток во 14 часот со примена на алатката ZOOM.

Ментор на одбраната е ред.проф.д-р Силвана Ангелевска,додека претседател на комисија е вонр .проф.д-р Иво Кузманов.

повеќе

26 Март 2020

Информација за onine настава по предметите кај проф. д-р Ратка Нешковска:

Почитувани студенти, на вашите e-mail адреси, според податоците од iknow системот за студентите кои запишале или презапишале предмет кај проф. д-р Ратка Нешковска во летниот семестар во учебната 2019/20 год. добивте податоци за термините, начинот и алатките за online наставата. Но, заради евентуални пропусти и нецелосни податоци за студентите или нивните e-mail адреси, ве замолувам добиената порака да ја споделите и во вашите групи на facebook, кои верувам дека ги имате. 

Со почит,
Проф. д-р Ратка Нешковска

повеќе

24 Март 2020

Известување за студентите кои имаат запишано предмет и/или предмети кај вонр. проф. д-р. Иво Кузманов.

Почитувани студенти, како што и најголем дел од Вас веќе се информирани од моја страна, согласно настанатата ситуација за предметите: Производствен Менаџмент, Интегрирани Менаџмент Системи и Тотално Управување со квалитет се креирани групи за едноставен проток на информации. Започнувајќи од 16.03.2020 година секој Понеделник и Среда ќе се реализираат Online посетни часови, за што како професор комплетно ќе бидам достапен online на својот мејл ivo.kuzmanov@tfb.uklo.edu.mk, во веќе креираните групи, на својот мобилен телефон 075 295 478, како и преку конференциски повик со апликацијата ZOOM во периодот од 11 – 12.30. Секако стојам на располагање и во останатиот период. Започнувајќи од 27.03.2020 година согласно договорот ќе започне и реализација на online настава со помош на апликацијата ZOOM за која веќе и информации се споделени во соодветните групи. Сепак ги замолувам и сите останати студенти кои евентуално не ме контактирале до сега тоа да го направат преку мејл со цел да бидат додадени во online групите и соодветно да добиваат информации, а секако и да присуствуваат на идни online предавања.

Со почит, Иво Кузманов

повеќе

22 Март 2020

Почитувани студенти кои во летниот семестар 2020 ги слушате предметите Технологии на печатење (ГИД) и Основи на инженерство (ГИД и ИИМ) кај вонр. проф. Д-р Роберто Пашиќ. Креиран е youtube канал на кој ќе ги организирам on-line предавањата по овие предмети. Бидејки каналот има private карактер, кон истиот ќе можат да пристапат само студентите кои ги имаат запишано овие предмети. Ве молам најдоцна до понеделник 23.03.2020 на мојата емаил адреса roberto.pasic@uklo.edu.mk да испратите ваши податоци: име и презиме, отсек, број на индекс, предмет и ваша емаил адреса како би ви дозволил пристап.

YOUTUBE канал UC2JJ6jHxlb8Bkz4Jd5GjseA 

повеќе

18 Март 2020

Предавања по МАШИНСКИ ЕЛЕМЕНТИ 2

Почитувани студенти од машински отсек 4 семестар - 2 година, во прилог се предавањата по предметот МАШИНСКИ ЕЛЕМЕНТИ 2, кај Ред.проф.д-р Тале Герамитчиоски.

Машински елементи 2 - прв дел

Машински елементи 2 - втор дел

повеќе

14 Февруари 2020

Почитувани студенти,

во прилог е распоред за настава за летен семестар 2019/2020. само за задолжителните предмети.
За изборните предмети ќе се договорите со предметните наставници.
Ви посакуваме успех и среќa во учењето.


Распоред на настава за летен семестар 2019/2020г.

повеќе

29 Јануари 2020

Почитувани студенти,

испитите кај проф.д-р.Благоја Стеваноски: Обновливи извори на електрична енергија и Планирање и експлоатација наЕЕС,

закажани не 05.02.2020г. се презакажуваат за 07.02.2020г. во 10ч.

повеќе

22 Јануари 2020

Почитувани студенти,

Уписите за летен семестар 2019/2020 год. започнуваат на 27.01.2020 год. и завршуваат на 21.02.2020 год.

Потсетуваме дека студентите во прва година задолжително треба да направат систематски преглед за да можат да го извршат уписот.

Со почит,

Технички факултет - Битола

повеќе

20 Јануари 2020

Почитувани студенти,

има промена на испитите во Јануарска испитна сесија, и тоа:

Д-р Соња Чаламани - Среда 12.02.2020г. во 12h

Д-р Светлана Мијаковска - Четврток 13.02.2020 во 12h 

Распоред на испити во Јануарска испитна сесија 

повеќе

13 Јануари 2020

Почитувани студенти,

електронското пријавувањето на испитите во Јануарска испитна сесија е започнато.

Доставувањето на пријави за испитите во Јануарска испитна сесија кај референтите ќе се одвива од 14.01.2020 до 17.01.2020г.

повеќе

18 Ноември 2019

Почитувани студенти,

електронското пријавувањето на испитите во Ноемвриска испитна сесија е започнато.

Доставувањето на пријави за испитите во Ноемвриска  испитна сесија кај референтите ќе се одвива од 19.11.2019 до 22.11.2019г.

повеќе

08 Ноември 2019

Почитувани студенти,

Во прилог е распоред на испити во Ноемвриска испитна сесија 2019/2020г.

Ноемвриска испитна сесија 2019/2020г.

повеќе

14 Октомври 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Конечна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола во Четврт уписен рок.

Конечна ранг листа

повеќе

14 Октомври 2019

Се известуваат студентите дека уписите за сите отсеци на Техничкиот факултет, ќе се вршат без казна заклучно со 18.10.2019год (петок). Потоа ќе се плаќа казна од 500ден.

повеќе

08 Октомври 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола во Четврт уписен рок.

Прелиминарна ранг листа 

повеќе

06 Октомври 2019

Почитувани студенти,

во прилог е корегиран распоред за зимски семестар 2019/20г.

Распоред за настава за Прв семестар 2019/20

Распоред за настава за Трет семестар 2019/20

Распоред за настава за Петти семестар 2019/20

Распоред за настава за Седми семестар 2019/20

повеќе

03 Октомври 2019

Почитувани,

Во прилог е

Дополнителен конкурс за четврт уписен рок 2019-2020.

повеќе

01 Октомври 2019

Почитувани студенти,

објавен е распоред за настава зимски семестар за академската 2019-20год.

Распоред за настава за Прв семестар 2019/20г.

Распоред за настава за Трет семестар 2019/20г.

Распоред за настава за Петти семестар 2019/20г.

Распоред за настава за Седми семестар 2019/20г.

повеќе

27 Септември 2019

Почитувани студенти,

При уписот има ставка за осигурување од 100ден. Оние студенти кои извршиле упис може да уплатат во текот на наредната недела.

повеќе

27 Септември 2019

Се покануваат сите нови студенти кои се запишаа во прва година на Технички факултет во Битола да присуствуваат на ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС кој ќе се одржи на 01. 10. 2019 (вторник) во 10,00 часот во Свечената сала во факултетот (уч.9). Со овој чин започнува Новата академска 2019/20 година. 

Ви посакуваме многу среќа и успешно студирање.

повеќе

27 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Решение за прием во трет уписен рок на студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола.

Решение за прием во трет уписен рок

повеќе

25 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола во Трет уписен рок.

Прелиминарна ранг листа 

повеќе

23 Септември 2019

Почитувани,

Во прилог е

Дополнителен конкурс за трет уписен рок 2019-2020

повеќе

20 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Решение за прием во втор уписен рок на студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола.

Решение за прием во втор уписен рок

повеќе

18 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола во Втор уписен рок.

Прелиминарна ранг листа 

повеќе

17 Септември 2019

Се известуваат студентите дека уписите за II, III и IV година за студентите од сите отсеци на Техничкиот факултет ќе започнат од 23.09.2019 год.

Дополнителни информации ќе бидат објавени на веб страната и во службите за студентски прашања.

повеќе

12 Септември 2019

Почитувани,

Во прилог е

Дополнителен конкурс за втор уписен рок 2019-2020.

повеќе

06 Септември 2019

СООПШТЕНИЕ

Им се соопштува на студентите дека има промена на термините за полагање испити за летен семестар во  распоредот во Септемвриска сесија за следните професори: 

 1.      Ред. проф. д-р Елизабета Бахтовска  на 24. 09. 2019 во 10 часот училна 205 Вонр. проф. д-р Севде Ставрева

ИСПИТИТЕ СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ ЗАРАДИ СОВПАЃАЊЕ.

повеќе

06 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Решение за прием во прв уписен рок на студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола.

Решение за прием во прв уписен рок

повеќе

03 Септември 2019

Почитувани кандидати,

Во прилог е Прелиминарна ранг листа на примени кандидати за студенти во учебната 2019/20г. на Технички факултет-Битола.

Прелиминарна ранг листа 

повеќе

27 Август 2019

Почитувани студенти,

Во прилог е

Распоред на испити за Септемвриска испитна сесија 2019год.

повеќе

26 Август 2019

Почитувани студенти,

електронското пријавувањето на испитите во Септемвриска испитна сесија е започнато.

Доставувањето на пријави за испитите во Септемвриска испитна сесија кај референтите ќе се одвива од 27.08.2019 до 04.09.2019г.

повеќе

16 Јули 2019

Конкурс за упис во прв, втор и трет циклус на студии на УКЛО – Битола во академската 2019/2020

Конкурс за упис на прв циклус на студии во академската 2019-2020 

Конкурс за упис на втор циклус на студии во академската 2019-2020

Конкурс за упис на трет циклус на студии во академската 2019-2020

Online пријавување за упис во прва година на Технички факултет - Битола

повеќе

24 Јуни 2019

Почитувани,

Ве информирани дека на 25.06.2019 год. (втроник) во 11 часот ќе се одржи свечено доделување на дипломи за I и II циклус во Амфитеатарот на факултет.

Ве покануваме да присуствувате на оваа свечена пригода.

повеќе

18 Јуни 2019

Успешно завршен мултидисциплинарниот проект „Укло за заедницата“.

повеќе

07 Јуни 2019

Почитувани студенти,

Во прилог е Распоредот на испити за Јунска сесија 2019.

повеќе

31 Мај 2019

Почитувани студенти,

електронското пријавувањето на испитите во Јунска испитна сесија е започнато.

Доставувањето на пријави за испитите во Јунска испитна сесија кај референтите ќе се одвива од 05.06.2019 до 12.06.2019.

повеќе

20 Мај 2019

Почитувани,

Во прилог се дадени листите за избор на членови и претседател на студентско собрание на Технички факултет-Битола, како и листа за запишани студенти во летен семестар 2018-19.

Листа за избор на членови на студентско собрание на Технички факултет-Битола.

Листа за избор на претседател на студентско собрание на Технички факултет-Битола.

Листа на запишани студенти во летен семестар 2018-19.

повеќе

09 Мај 2019

Се информираат студентите на Технички факултет - Битола, дека на ден 13.05.2019 год. (понеделник), со почеток во 11 ч, во просторија 205, ќе се одржи средба со членови на Универзитетската комисија за самоевалуација, со кои студентите ќе може да поразговараат за условите на студирање, проблемите и предизвиците со кои се среќаваат. Ве молиме за што помасовно присуство. Во овој период, студентите ќе бидат ослободени од настава. Комисија за самоевалуација при ТФБ

повеќе

02 Мај 2019

Почитувани,

Деканатот на Технички факултет - Битола распиша оглас за избор на членови и претседател на студентско собрание на Технички факултет-Битола.

Огласот може да го проследите на следниот линк.

повеќе

25 Април 2019

Почитувани,

Деканатот на Технички факултет - Битола донесе одлука за распишување на избори за членови и претседател на студентско собрание на Технички факултет-Битола.

Одлуката може да ја проследите на следниот линк.

повеќе

24 Април 2019

Повик за студентите од УКЛО:

Економски Факултет Прилеп и Технички Факултет Битола

1. Водители на финалниот настан и

2. Волонтери за логистички менаџмент

3. Уметничко учество

повеќе

10 Април 2019

Почитувани студенти,

во прилог е конечниот распоред за априлска сесија 2018/2019.
Ве молам пријавите ги вашите испити во студентски прашања во периодот од 15 до 17 април 2019. Оваа сесија за сите испити се уплаќаат по 300 денари.

 Распоред за априлска сесија 2018/2019.



повеќе

01 Март 2019

Се известуваат студентите дека уписите за сите отсеци на Технички факултет ќе се одвиваат без надоместок заклучно со вторник (05.03.2019год.)

Од среда (06.03.2019год.) уписите ќе бидат со надоместок.

повеќе

18 Февруари 2019

Почитувани студенти,

направени се промени во Распоредот за настава летен семестар 2018-19год.

повеќе

15 Февруари 2019

Почитувани студенти,

објавен е распоред за настава летен семестар за академската 2018-19год.

Распоред за настава летен семестар за академската 2018-19год.

повеќе

01 Февруари 2019

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат студентите дека уписите за летен семестар ќе започнат од Среда 06.02.2019 год.

повеќе

28 Јануари 2019

СООПШТЕНИЕ

Им се соопштува на студентите дека има промена на термините за полагање испити за зимски семестар во  распоредот во Јануарска сесија за следните професори: 

 1.      Ред. проф. д-р Елизабета Бахтовска  на 31. 01. 2019 во 12 часот училна 205 Вонр. проф. д-р Севде Ставрева

 2.      Вонр. проф. д-р Соња Чаламани на 07. 02. 2019 во 12 часот училна 205 

ИСПИТИТЕ СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ ЗАРАДИ СОВПАЃАЊЕ.

повеќе

21 Јануари 2019

Се известуваат студентите дека пријавувањето на испити за Јануарска испитна сесија, се продолжува до Петок 25.01.2019 год.

повеќе

10 Јануари 2019

Почитувани студенти,

Срекна  Нова 2019 Година и многу здравје, среќа и успех.
Во прилог е годишен распоред на испити за јануарска, јунска и септемвриска сесија.
ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИ ЗА ЈАНУАРСКА СЕСИЈА Е ОД 14 ДО 18 ЈАНУАРИ 2019. ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ И ВО iKnow  СИСТЕМОТ.
Оваа сесија се уплаќа по 300 денари за испити од летен семестар. Административна такса од 50 денари се уплаќа за сите испити.

повеќе

31 Декември 2018

Почитувани,

информирајте се  за ПРЕЛИМИНАРЕН ПОВИК за изразување интерес за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата за Академска 2019/2020, на следниот ЛИНК.

повеќе

30 Ноември 2018

Се известуваат студентите запишани на ВТОРИОТ ЦИКЛУС на студиската програма СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ дека за реализација на наставата на задолжителниот предмет МАТЕМАТИЧКИ МЕТОДИ ВО СООБРАЌАЈОТ се закажани следните термини:
07.12.2018 во 12:00 h
14.12.2018 во 12:00 h
21.12.2018 во 12:00 h
28.12.2018 во 12:00 h
05.01.2019 во 12:00 h
12.01.2019 во 12:00 h
Наставата ќе се изведува во КАБИНЕТ број 4.

повеќе

08 Ноември 2018

Почитувани, објавен е Четврт уписен рок за II циклус на студии и Трет уписен рок за III циклус на студии.

Пријавување за II циклус е на 12.11.2018 и 13.11.2018, а уписот е на 20.11.2018.

Пријавување за III циклус е на 12.11.2018, 13.11.2018 и 14.11.2018, а уписот е на 23.11.2018.

повеќе

08 Ноември 2018

Почитувани студенти објавена е распоредот за Ноемвриска испитна сесија.

Распоред на испити за Ноемвриска испитна сесија.

повеќе

07 Ноември 2018

Почитувани студенти, во прилог ви е даден 

Конкурс за стипендија од Програмата за пракса на германското стопанство
Конкурсот е отворен до 13 ноември
Може да аплицирате онлајн на страната: 


https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/


Стипендирана пракса по струка во Германија, која воедно трае од три до шест месеци. Наменета е за студенти од трета и четврта година додипломски студии, мастер студии и докторски студии.

Информации може да најдете и овде.

 

повеќе

07 Ноември 2018

 

Одлука за прием на кандидати за Втор циклус студии по Сообраќајно-транспортно инженерство во учебната 2018/2019.

повеќе

31 Октомври 2018

Почитувани, на 06.11.2018 год. од 17-20 часот, на Технички факултет – Битола ќе се одржи презентација на тема Фотоволтаични Системи - Сите Одговори На Едно Место (Битола), организирана од  Ротари Клуб „Битола„ и „Широк сокак„, Технички факултет-Битола, Ефикс Електрикал.

Презентацијата и влезот се слободни.

Регистрација за присуство: info@efixelectrical.com.mk

Име и презиме, тел. број и електронска адреса.

повеќе

30 Октомври 2018

 Одлука за прием на кандидати на III циклус студии на Технички факултет во Вториот уписен рок 2018/19.

повеќе

12 Октомври 2018

Се известуваат студентите дека уписите за сите отсеци на Техничкиот факултет, ќе се вршат без казна заклучно со 17.10.2018год (среда).

повеќе

09 Октомври 2018

Почитувани студенти, во продолжение е да даден

О Г Л А С за доделување стипендии за студенти на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“, Битола.

повеќе

06 Октомври 2018

Информација за студентите на Втор циклус студии Сообраќај и транспорт

УПИСИТЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО ПРЕЗАПИШУВААТ ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР НА ВТОР ЦИКЛУС АКАДЕМСКИ СТУДИИ СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ, ќе започнат на 15.10.2018 год.

повеќе

03 Октомври 2018

Почитувани студенти, објавен е распоредот за настава за академската 2018/2019 за сите студиски програми. 

Распоред за настава за академска 2018/2019.

повеќе

02 Октомври 2018

 

 

повеќе

01 Октомври 2018

Дополнителен конкурс за прв циклус студии - четврт уписен рок
(За кандидати со државна матура, со завршен испит или училишна матура. Пријавување на 03.10.2018 год.)

Конкурсот е даден на следниот линк.

повеќе

28 Септември 2018

Почитувани студенти,  објавен е распоредот за настава за Прв семестар за академската 2018/2019 за сите студиски програми. 

Распоред за Прв семестар за академска 2018/2019.



повеќе

26 Септември 2018

Се покануваат сите нови студенти кои се запишаа во прва година на Технички факултет во Битола да присуствуваат на ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС кој ќе се одржи на 01. 10. 2018 во 11,00 часот во Свечената сала во факултетот. Со овј чин започнува Новата академска 2018/19 година, а новите студенти1 стануваат академски граѓани на Република Македонија. 

Ви посакуваме многу среќа и успешно студирање.

повеќе

20 Септември 2018

Се известуваат сите студенти од втора, трета и четврта година, кои ќе вршат упис на зимскиот семестар во академската 2018/19, претходно, МОРА, задолжително да ја пополнат студентската анкета која им е достапна во нивното електронско досие.

             Во спротивно, нема да можат да го спроведат уписот.

повеќе

20 Септември 2018

Се известуваат студентите дека уписите за II, III и IV година за студентите од сите отсеци на Техничкиот факултет (Електротехнички, Машински, Сообраќај и транспорт, Индустриски менаџмент, Графички) ќе се вршат од 24.09.2018 год.

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Ред. проф. д-р Благоја Стеваноски

prof. Dr Blagoj Stevanovski

Материјали >>


Основна литература:

Кабинет 3 Локал Дир. телефон +38975295821 Email blagoj.stevanovski@uklo.edu.mk Консултации вторник 10:30 - 12:00 ; четврток 9:30 - 11:00
Биографија

 

ОБРАЗОВАНИЕ

2006 докторски студии ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје
Дисертација: "Прилог кон методите за долгорочно планирање на електроенергетски системи"

1995 магистерски студии ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје
Магистерска теза: "Прилог кон методите за долгорочно планирање на електроенергетски системи"

1983 дипломски студии ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје
Тема: "Динамичка стабилност на електроенергетските системи"

1978 Средно улилиште Електро Машински Училишен Центар "Ѓуро Салај"- Битола

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО

1988 - Технички Факултет - Битола, Универзитет Св. Климент Охридски - Битола
Електротехнички отсек, насока Електроенергетски системи:
1988 - помлад асистент

1995 - асистент

2006 - доцент

2011 - вонреден професор

  • Настава за студентите по предметите: Електрични централи, Разводни постројки, Обновливи извори на електрична енергија, Планирање и експлоатација на електроенергетски системи, Проектирање на разводни постројки
  • Научно-истражувачки проекти од областа на електроенергетиката.
  • Проектирање и ревизија на техничка документација од стучната област електроенергетика за објекти од I, II, III и IV категорија. Надзор на изградбата на електроенергетски објекти. Соработка со стопанството: експертски анализи, елаборати и др.

1987 Електростопанство на Македонија, РЕК Битола
Главен надзорен инженер на изградба на транспортен систем за јаловина

  • Координација и контрола на изведувачките фирми при монтажа на електричната опрема и инсталации. Дневно следење на активностите на сите служби поврзани со монтажа на опремата. Комплетирање и внесување на сите направени измени во инвестиционо-техничката и проектна документација. Учество во подготовка на тендерска документација, инвестициони програми, ревизија на техничка документација и др.

1983 Работна организација "Гоце Радосавлевиќ" – Битола
Инжењер во проектантско одделение, одделение за припрема и оператива

  • Проектирање на електроенергетски објекти.
  • Монтажа на 6 kV постројка во термоелектрична централа „Битола II".
ПОЛЕ НА ЕКСПЕРТИЗА И ИСТРАЖУВАЊЕ
  • Планирање на развој на електроенергетски системи
  • Конвенционални и обновливи извори на електрична енергија

 

ЧЛЕНСТВО ВО ПРОФЕСИОНАЛНИ АСОЦИЈАЦИИ 
  • Institute of Electrical and Electronics Engineers, (IEEE) USA од 1995 год.
  • Македонската секција MAKO-CIGRE од 2006 год.
ЈАЗИЦИ

Мајчин јазик: македонски, српски

Други јазици

РАЗБИРАЊЕ

ЗБОРУВАЊЕ

ПИШУВАЊЕ

Слушање

Читање

Вербална интеракција

Вербална продукција

 

АНГЛИСКИ

B1

B2

B1

B1

B2

 

Ниво: A1/A2: Почетник - B1/B2: Независен корисник - C1/C2: Напреден корисник

*Заедничка европска референтна рамка за јазици

 

 

 

 

 

 

Одлука и реферат за избор

Трудови и конф.

НАУЧНИ ТРУДОВИ

B. Stevanoski, A.Arsenov, “Using the Analytic Hierarchy Process in Load Growth Forecast”, Proceedings of the XLIII International Scientific Conference on Information, Communication and Energy Systems and Technologies, Nis, 2008, Vol. 2, pp. 653-655.

Б. Стеваноски, „Прилог кон методите за долгорочно планирање на електроенергетски мрежи“, докторска дисертација, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Електротехнички факултет, Скопје, 2006.

B.Stevanoski, A.Arsenov, “Multiobjective Power System Planning”, Proceedings of the XXXVIII International Scientific Conference on Information, Communication and Energy Systems and Technologies, Sofia, 2003.

B. Stevanoski, A.Arsenov, “Integrated Power System Planning”, Proceedings of the XXXVII International Scientific Conference on Information, Communication and Energy Systems and Technologies, Nis, 2002, Vol. 2, pp. 455-459.

М.Златановски, Љ. Трпезановски, Б. Стеваноски, „Селективност на заштитата на еднонасочниот развод во ТС 400/110 kV/kV - Битола 2“, Трето советување на MAKO CIGRE, Охрид, 2001.

Б. Стеваноски, А. Арсенов, „Една можна насока на долгорочен развој на електроенергетскиот систем на Македонија“, Трето советување на MAKO CIGRE, Охрид, 2001.

А. Арсенов, Б. Стеваноски, „Метода за брзо определување на оптимална распределба на моќности помеѓу хидро и термоелектрани“, EIST 2001, Битола.

А. Арсенов, Б. Стеваноски, „Влијание на обликот на енергетските карактеристики на електричните централи врз оптималната распределба на активни моќности во ЕЕС“, Второ  советување на MAKO CIGRE, Струга, 1998.

Љ. Трпезановски, Б. Стеваноски, „Споредба на три методи за пресметување на напоните во радијални дистрибутивни мрежи, Прво советување на MAKO CIGRE,  26-28 Септември, Струга, 1996, книга II, стр. 291-298.

Б. Стеваноски, Љ. Трпезановски, „Апроксимација на кривата на траење на оптоварувањето со полином, Прво советување на MAKO CIGRE,  26-28 Септември, Струга, 1996, книга II, стр. 326-333.

Б. Стеваноски, Љ. Трпезановски, „Определување на оптимална положба на пакетни собирници, Зборник на трудови, Технички факултет, Битола, 1996, стр. 345-353.

Љ. Трпезановски, Б. Стеваноски, „Влијание на факторот на забрзување a врз пресметките на напоните во РДМ по Гаус-Зајделовиот метод, Зборник на трудови, Технички факултет, Битола, 1996, стр. 361-369.

Б. Стеваноски, „Прилог кон методите за долгорочно планирање на електроенергетски мрежи“, магистерски труд, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Електротехнички факултет, Скопје, 1995.

 

ПРОЕКТИ 

Идеен проект „Парк на ветерни електрани Богданци“, Инвеститор ЕЛЕМ - Скопје, 2009 год.

Основен проект “Систем за допрема на јаглен - ТЕ Битола III“ Инвеститор ЈП Електросопанство на Македонија, 1987 год.

 

СТРУЧНО-АПЛИКАТИВНА ДЕЈНОСТ 

Рецензија на техничкото решение на електро проектотТС Брод 10/0,4-0,4/6 kV/kV-(за времено напојување на багер Еш 6/45-3), ЈП Електростопанство на Македонија подружница РЕК Битола, ПЕ Рудник Суводол, 2005 (заедно со Љ. Трпезановски).

Елаборат Ревизија на селективноста на заштитата на еднонасочниот развод во ТС 400/110 kV/kV Битола-2, ЈП „Електростопанство, РЕК „Битола, Битола, 2000 (заедно со М. Златаноски и  Љ. Трпезановски)

Рецензија на техничкото решение на проектот35 kV приклучен вод и ТС 35/0,4 kV/kV-1000 kVA, во производен погон за минерална вода и CO2  во с. Средно Егри, за ЈП „Електростопанство, Електродистрибуција Битола, Битола, 2000 (заедно со Љ. Трпезановски).

Рецензија на техничкото решение на проектотСистем за далечински надзор и управување на ТС 400/110 kV/kV Битола-2, ЈП „Електростопанство,РЕК „Битола, Битола, 1999 (заедно со А. Арсенов, Љ. Трпезановски и П. Митревски).

Рецензија на техничкото решение на проектотВремено решение за командување и сигнализација на ТС 400/110 kV/kV Битола-2, ЈП „Електростопанство“, РЕК „Битола“, Битола, 1996 (заедно со Љ. Трпезановски).

Испитување на безбедност според ЈУС НМ1. 001, на електричен загревач на вода 8 л, АД Тане Цалески, Кичево, 1994.

Испитување на безбедност според ЈУС НМ1. 001, на термоакумулациона електрична печка 4 kW, АД Металец, Битола, 1994.

Испитување на безбедност според ЈУС НМ1. 001, на електричен загревач на вода 80 л,  АД Слобода, Охрид, 1993.

Надзор на монтажа на електрична опрема на нулти БТО систем, РЕК Рудник Суводол, Битола, 1987.