Следни испити
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 1 | 2 | 3 |
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
Новости
18 Февруари 2019
Почитувани студенти,
направени се промени во Распоредот за настава летен семестар 2018-19год.
15 Февруари 2019
Почитувани студенти,
објавен е распоред за настава летен семестар за академската 2018-19год.
Распоред за настава летен семестар за академската 2018-19год.
01 Февруари 2019
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат студентите дека уписите за летен семестар ќе започнат од Среда 06.02.2019 год.
28 Јануари 2019
СООПШТЕНИЕ
Им се соопштува на студентите дека има промена на термините за полагање испити за зимски семестар во распоредот во Јануарска сесија за следните професори:
1. Ред. проф. д-р Елизабета Бахтовска на 31. 01. 2019 во 12 часот училна 205 Вонр. проф. д-р Севде Ставрева
2. Вонр. проф. д-р Соња Чаламани на 07. 02. 2019 во 12 часот училна 205
ИСПИТИТЕ СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ ЗАРАДИ СОВПАЃАЊЕ.
21 Јануари 2019
Се известуваат студентите дека пријавувањето на испити за Јануарска испитна сесија, се продолжува до Петок 25.01.2019 год.
10 Јануари 2019
Почитувани студенти,
31 Декември 2018
Почитувани,
информирајте се за ПРЕЛИМИНАРЕН ПОВИК за изразување интерес за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата за Академска 2019/2020, на следниот ЛИНК.
30 Ноември 2018
08 Ноември 2018
Почитувани, објавен е Четврт уписен рок за II циклус на студии и Трет уписен рок за III циклус на студии.
Пријавување за II циклус е на 12.11.2018 и 13.11.2018, а уписот е на 20.11.2018.
Пријавување за III циклус е на 12.11.2018, 13.11.2018 и 14.11.2018, а уписот е на 23.11.2018.
08 Ноември 2018
Почитувани студенти објавена е распоредот за Ноемвриска испитна сесија.
Распоред на испити за Ноемвриска испитна сесија.
07 Ноември 2018
Почитувани студенти, во прилог ви е даден
Конкурс за стипендија од Програмата за пракса на германското стопанство
Конкурсот е отворен до 13 ноември
Може да аплицирате онлајн на страната:
https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/
Стипендирана пракса по струка во Германија, која воедно трае од три до шест месеци. Наменета е за студенти од трета и четврта година додипломски студии, мастер студии и докторски студии.
Информации може да најдете и овде.
07 Ноември 2018
31 Октомври 2018
Почитувани, на 06.11.2018 год. од 17-20 часот, на Технички факултет – Битола ќе се одржи презентација на тема Фотоволтаични Системи - Сите Одговори На Едно Место (Битола), организирана од Ротари Клуб „Битола„ и „Широк сокак„, Технички факултет-Битола, Ефикс Електрикал.
Презентацијата и влезот се слободни.
Регистрација за присуство: info@efixelectrical.com.mk
Име и презиме, тел. број и електронска адреса.
30 Октомври 2018
12 Октомври 2018
Се известуваат студентите дека уписите за сите отсеци на Техничкиот факултет, ќе се вршат без казна заклучно со 17.10.2018год (среда).
09 Октомври 2018
Почитувани студенти, во продолжение е да даден
06 Октомври 2018
Информација за студентите на Втор циклус студии Сообраќај и транспорт
УПИСИТЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО ПРЕЗАПИШУВААТ ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР НА ВТОР ЦИКЛУС АКАДЕМСКИ СТУДИИ СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ, ќе започнат на 15.10.2018 год.
03 Октомври 2018
Почитувани студенти, објавен е распоредот за настава за академската 2018/2019 за сите студиски програми.
Распоред за настава за академска 2018/2019.
02 Октомври 2018
01 Октомври 2018
Дополнителен конкурс за прв циклус студии - четврт уписен рок
(За кандидати со државна матура, со завршен испит или училишна матура. Пријавување на 03.10.2018 год.)
Конкурсот е даден на следниот линк.
28 Септември 2018
Почитувани студенти, објавен е распоредот за настава за Прв семестар за академската 2018/2019 за сите студиски програми.
Распоред за Прв семестар за академска 2018/2019.
26 Септември 2018
Се покануваат сите нови студенти кои се запишаа во прва година на Технички факултет во Битола да присуствуваат на ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС кој ќе се одржи на 01. 10. 2018 во 11,00 часот во Свечената сала во факултетот. Со овј чин започнува Новата академска 2018/19 година, а новите студенти1 стануваат академски граѓани на Република Македонија.
Ви посакуваме многу среќа и успешно студирање.
20 Септември 2018
Се известуваат сите студенти од втора, трета и четврта година, кои ќе вршат упис на зимскиот семестар во академската 2018/19, претходно, МОРА, задолжително да ја пополнат студентската анкета која им е достапна во нивното електронско досие.
Во спротивно, нема да можат да го спроведат уписот.
20 Септември 2018
Се известуваат студентите дека уписите за II, III и IV година за студентите од сите отсеци на Техничкиот факултет (Електротехнички, Машински, Сообраќај и транспорт, Индустриски менаџмент, Графички) ќе се вршат од 24.09.2018 год.
11 Септември 2018
Објавени конкурсите за втор и трет циклус студии на УКЛО
15 Јануари 2018
За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.
30 Јануари 2015
Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.
Ред. проф. д-р Митко Костов

Основна литература:
- Момчило Богданов "Теорија на електрични кола", Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје, 2008
- Рамез Елмасри / Шамкант Б. Навати, Основи на системи со бази на податоци, ISBN 978-608-4535-68-3, 2010 – преведени книги од Влада
- Чарлс Александер, Метју Садику "Основи на електрични кола" – преведени книги од Влада
- Б. П. Латхи "Современи дигитални и аналогни комуникациски системи"
- Пол Дејтел / Харви Дејтел “Како се програмира С++“
Д-р Митко Костов е роден на 20.08.1973 година во Битола. Основно и средно образование завршил во Битола. По завршувањето на средна школа ги продолжува дипломските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, на Електротехничкиот факултет – Скопје на насоката Електроника и телекомуникации. Студиите ги завршува во мај 1997 год., со што се стекнува со звање дипломиран инженер по електротехника на насоката Електроника и телекомуникации. После дипломирањето, продолжува на постдипломски студии на истиот факултет, каде во мај 2000 год. се стекнува со звањето магистер по електротехника со одбраната на неговиот магистерски труд „Брз алгоритам за дизајн на QMF банки". Во март 2007 год. на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје ја одбранува неговата докторска дисертација „Отстранување на шум во нуклеарни медицински слики со примена на мултирезолуција" и се стекнува со звањето доктор на технички науки.
Од 2005 година вработен е на Техничкиот факултет – Битола како асистент. Избран е за доцент во 2008 година, вонреден професор во 2013 година, а од 2018 година е избран во редовен професор на Универзитетот "Св. Климент Охридски" Битола. Од неговото вработување до денес тој е активно вклучен во целокупната дејност на Техничкиот факултет. Од 15.09.2011 до 15.09.2014 година - ја извршува функцијата раководител на електротехничкиот отсек, а од 15.09.2014 година и функцијата продекан за финансиско работење и член на универзитетската комисија за финансово работење.
Во доменот на научно-истражувачката работа неговото внимание е насочено најмногу кон истражувањата од областа на дигиталната обработка на сигнали, мулти-резолуциската анализа на сигнали, извлекување на визуелни карактеристики за сликите, содржинско базирано пребарување на мултимедијални податоци, отстранување на шум во нуклеарни медицински слики, анализа на пореметувања во ел. мрежи.
Во изминатите години има напишано околу 60 научни труда објавени во меѓународни списанија и зборници на трудови. Автор е на 2 публикации – збирки на решени задачи по Основи на електротехниката I и Електроника.
Д-р Митко Костов има учествувано во билатерални и меѓународни проекти од програмите на Tempus, Erasmus, IPA, COST и др., и има реализирано студиски престои во повеќе странски научни институции.
Член е на меѓународната организација на електроинженери IEEE (Institute of Electrical and Electronic Engineers) од 2006 година и на Комората на овластени инженери и овластени архитекти од 2008 година.
Комплетна биографија, список на трудови, проекти и сл. ќе најдете на http://mitko-kostov.tfb.edu.mk.