Следни испити

Март/Април
П В С Ч П С Н
18192021222324
25262728293031
1234567
891011121314
15161718192021
сите

Новости

01 Март 2019

Се известуваат студентите дека уписите за сите отсеци на Технички факултет ќе се одвиваат без надоместок заклучно со вторник (05.03.2019год.)

Од среда (06.03.2019год.) уписите ќе бидат со надоместок.

повеќе

18 Февруари 2019

Почитувани студенти,

направени се промени во Распоредот за настава летен семестар 2018-19год.

повеќе

15 Февруари 2019

Почитувани студенти,

објавен е распоред за настава летен семестар за академската 2018-19год.

Распоред за настава летен семестар за академската 2018-19год.

повеќе

01 Февруари 2019

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат студентите дека уписите за летен семестар ќе започнат од Среда 06.02.2019 год.

повеќе

28 Јануари 2019

СООПШТЕНИЕ

Им се соопштува на студентите дека има промена на термините за полагање испити за зимски семестар во  распоредот во Јануарска сесија за следните професори: 

 1.      Ред. проф. д-р Елизабета Бахтовска  на 31. 01. 2019 во 12 часот училна 205 Вонр. проф. д-р Севде Ставрева

 2.      Вонр. проф. д-р Соња Чаламани на 07. 02. 2019 во 12 часот училна 205 

ИСПИТИТЕ СЕ ПРЕЗАКАЖУВААТ ЗАРАДИ СОВПАЃАЊЕ.

повеќе

21 Јануари 2019

Се известуваат студентите дека пријавувањето на испити за Јануарска испитна сесија, се продолжува до Петок 25.01.2019 год.

повеќе

10 Јануари 2019

Почитувани студенти,

Срекна  Нова 2019 Година и многу здравје, среќа и успех.
Во прилог е годишен распоред на испити за јануарска, јунска и септемвриска сесија.
ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИ ЗА ЈАНУАРСКА СЕСИЈА Е ОД 14 ДО 18 ЈАНУАРИ 2019. ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ И ВО iKnow  СИСТЕМОТ.
Оваа сесија се уплаќа по 300 денари за испити од летен семестар. Административна такса од 50 денари се уплаќа за сите испити.

повеќе

31 Декември 2018

Почитувани,

информирајте се  за ПРЕЛИМИНАРЕН ПОВИК за изразување интерес за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата за Академска 2019/2020, на следниот ЛИНК.

повеќе

30 Ноември 2018

Се известуваат студентите запишани на ВТОРИОТ ЦИКЛУС на студиската програма СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ дека за реализација на наставата на задолжителниот предмет МАТЕМАТИЧКИ МЕТОДИ ВО СООБРАЌАЈОТ се закажани следните термини:
07.12.2018 во 12:00 h
14.12.2018 во 12:00 h
21.12.2018 во 12:00 h
28.12.2018 во 12:00 h
05.01.2019 во 12:00 h
12.01.2019 во 12:00 h
Наставата ќе се изведува во КАБИНЕТ број 4.

повеќе

08 Ноември 2018

Почитувани, објавен е Четврт уписен рок за II циклус на студии и Трет уписен рок за III циклус на студии.

Пријавување за II циклус е на 12.11.2018 и 13.11.2018, а уписот е на 20.11.2018.

Пријавување за III циклус е на 12.11.2018, 13.11.2018 и 14.11.2018, а уписот е на 23.11.2018.

повеќе

08 Ноември 2018

Почитувани студенти објавена е распоредот за Ноемвриска испитна сесија.

Распоред на испити за Ноемвриска испитна сесија.

повеќе

07 Ноември 2018

Почитувани студенти, во прилог ви е даден 

Конкурс за стипендија од Програмата за пракса на германското стопанство
Конкурсот е отворен до 13 ноември
Може да аплицирате онлајн на страната: 


https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/


Стипендирана пракса по струка во Германија, која воедно трае од три до шест месеци. Наменета е за студенти од трета и четврта година додипломски студии, мастер студии и докторски студии.

Информации може да најдете и овде.

 

повеќе

07 Ноември 2018

 

Одлука за прием на кандидати за Втор циклус студии по Сообраќајно-транспортно инженерство во учебната 2018/2019.

повеќе

31 Октомври 2018

Почитувани, на 06.11.2018 год. од 17-20 часот, на Технички факултет – Битола ќе се одржи презентација на тема Фотоволтаични Системи - Сите Одговори На Едно Место (Битола), организирана од  Ротари Клуб „Битола„ и „Широк сокак„, Технички факултет-Битола, Ефикс Електрикал.

Презентацијата и влезот се слободни.

Регистрација за присуство: info@efixelectrical.com.mk

Име и презиме, тел. број и електронска адреса.

повеќе

30 Октомври 2018

 Одлука за прием на кандидати на III циклус студии на Технички факултет во Вториот уписен рок 2018/19.

повеќе

12 Октомври 2018

Се известуваат студентите дека уписите за сите отсеци на Техничкиот факултет, ќе се вршат без казна заклучно со 17.10.2018год (среда).

повеќе

09 Октомври 2018

Почитувани студенти, во продолжение е да даден

О Г Л А С за доделување стипендии за студенти на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“, Битола.

повеќе

06 Октомври 2018

Информација за студентите на Втор циклус студии Сообраќај и транспорт

УПИСИТЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО ПРЕЗАПИШУВААТ ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР НА ВТОР ЦИКЛУС АКАДЕМСКИ СТУДИИ СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ, ќе започнат на 15.10.2018 год.

повеќе

03 Октомври 2018

Почитувани студенти, објавен е распоредот за настава за академската 2018/2019 за сите студиски програми. 

Распоред за настава за академска 2018/2019.

повеќе

02 Октомври 2018

 

 

повеќе

01 Октомври 2018

Дополнителен конкурс за прв циклус студии - четврт уписен рок
(За кандидати со државна матура, со завршен испит или училишна матура. Пријавување на 03.10.2018 год.)

Конкурсот е даден на следниот линк.

повеќе

28 Септември 2018

Почитувани студенти,  објавен е распоредот за настава за Прв семестар за академската 2018/2019 за сите студиски програми. 

Распоред за Прв семестар за академска 2018/2019.



повеќе

26 Септември 2018

Се покануваат сите нови студенти кои се запишаа во прва година на Технички факултет во Битола да присуствуваат на ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС кој ќе се одржи на 01. 10. 2018 во 11,00 часот во Свечената сала во факултетот. Со овј чин започнува Новата академска 2018/19 година, а новите студенти1 стануваат академски граѓани на Република Македонија. 

Ви посакуваме многу среќа и успешно студирање.

повеќе

20 Септември 2018

Се известуваат сите студенти од втора, трета и четврта година, кои ќе вршат упис на зимскиот семестар во академската 2018/19, претходно, МОРА, задолжително да ја пополнат студентската анкета која им е достапна во нивното електронско досие.

             Во спротивно, нема да можат да го спроведат уписот.

повеќе

20 Септември 2018

Се известуваат студентите дека уписите за II, III и IV година за студентите од сите отсеци на Техничкиот факултет (Електротехнички, Машински, Сообраќај и транспорт, Индустриски менаџмент, Графички) ќе се вршат од 24.09.2018 год.

повеќе

11 Септември 2018

Објавени конкурсите за втор и трет циклус студии на УКЛО

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Ред. проф. д-р Тале Герамитчиоски

prof. Dr Tale Geramitcioski


Основна литература:

Кабинет 410 Локал 137 Дир. телефон +389 (0)47 207737 Email tale.geramitcioski@uklo.edu.mk Консултации
Биографија

 

• Роден е во Прилеп на 04.09.1962 год.
• Основно образование и гимназија завршил во Прилеп.
• Октомври 1982 –февруар 1987 студира на Машинскиот Факултет во Скопје.
• февруари 1987 год. ги завршува студиите со одбрана на дипломската работа “Конструктивни особености, програмирање и искористување на НЦ-глодалките инсталирани во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп” со одличен успех.
• Февруар 1987-октомври 1987 во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп ангажиран  како инжињер -програмер на НЦ-машините во наменскиот погон на фабриката.
• Од 1.11.1987год. Техничкиот Факултет во Битола, е избран во звањето помлад асистент по предметите Машински елементи 1 и 2, и  Основи на конструирањето (Билтен бр.7 од 1987год.).
• 1987 – 1989 год. на постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје, институт за Машински конструкции и ММВ-градба на возилата, на 2.11.1989 год. го одбранил магистарскиот труд под наслов “Прилог кон дефинирање на деформационо-напонската состојба на вратилата кај погонските механизми на дигалките”.
• Од 1.11.1990 год е избран во звањето асистент по предметите Машински Елементи 1и2, и Основи на конструирањето на Техничкиот Факултет во Битола (Билтен бр.110 од 1991год).
• 18.06.1993год. на Машинскиот Факултет во Скопје., ја одбранил докторската дисертација со наслов “Определување на промената на полето на напоните и интеракција на повеќе концентратори на напони кај степенести вратила оптоварени од торзија”.
• Од 1.10.1993 год. е избран во звањето доцент по предметите Машински елементи, Основи на конструирањето и Основи на машинство на Техничкиот Факултет во Битола (Билтен бр.137 од 1993 год), .
• Во 1995 год. е избран за наставник по предметот Транспортни уреди (Билтен бр.160 од 1995 год.) додека за вонреден професор е избран во 1998 (Билтен бр.191 од 1998 год.).
• За редовен професор за прв пат е избран во 2002 година(Билтен бр.240/2002).
• За редовен профессор по втор пат е избран во 2007 година (Билтен бр.   /2007)

Членување во здруженија, асоцијации


• Член е на Друштвото за наука и уметност-Прилеп од 1990 год,
• на Друштвото за наука и уметност - Битола од 1994год,
• член е на GAMM-Gesellscaft fur angewandte mathematik und mechanik(Меѓународно здружение за математика и механика)со седиште во Германија од 1995год.,
• на Друштвото за Механика на Македонија-Скопје од 1995 год.

Изборни и раководни функции:


• 1997-1999  Претседател на Советот на Техничкиот факултет-Битола
• 1999-2002 Раководител на Машинскиот отсек на Техничкиот факултет-Битола
• 1999-2002 член на Факултетската управа на Техничкиот факултет-Битола
• 2000-2002 член на Сенатот на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола
• 2000-2002 член на Комисијата за настава и наука при Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола
• септември 2002 год е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија
• од ноември 2002 до август 2006 е Заменик Министер за образование и наука во Владата на Република Македонија
• Член на Управниот Комитет за образование во Советот на Европа во Стразбур 2002-2006
• Член на Државниот Комитет за НАТО интеграција на Р.Македонија 2003-2006
• Во јули 2006-2008 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија

 НАСТАВНО-ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ

1.    Наставна ангажираност

• 1987-1993 год. како асистент ги изведувал вежбите по предметите Машински елементи 1 и 2 и Основи на конструирањето на Техничкиот Факултет - Битола, Машински отсек.
• Од 1.10.1993 год. е избран во звањето доцент, ја изведува наставата по предметите Машински елементи 1 и 2 на Машинскиот отсек, како и наставата по предметот Основи на машинство на Сообраќајниот отсек при Техничкиот Факултет во Битола,
• Од 1.03.1996 год. ја изведува наставата по предметот Транспортни уреди на Машинскиот отсек при Техничкиот факултет-Битола.
• Од 1997 год. ја изведува наставата на предметот Машински елементи на трета година (седми семестар) на графичкиот отсек на Техничкиот факултет согласно со новите наставни планови и програми.   
• Од јуни 1998 е избран за вонреден професор по предметите Основи на конструирање, Машински елементи 1 и 2, Транспортни уреди и Основи на машинството.
• Од ноември 2002 год е избран за редовен професор од областа на Машински елементи, Машински конструкции и проектирање и машински системи
• Од октомври 2007 год е реизбран за редовен професор од областа на Машински елементи, Машински конструкции и проектирање и машински системи

 

Одлука и реферат за избор



2. Менторство, учество во комисии за магистарски и докторски трудови

• Член е на комисијата за оценка и одбрана на магистарската работа на м-р Љупчо Трајчевски одбранета на Машинскиот факултет во Скопје во 1997 год..
• Член е на комисија за оценка и одбрана на докторска дисертација на Д-р Благој Павлов, одбранета на Машинскиот Факултет во Скопје, во мај, 1998год.
• Член е на комисија за оценка и одбрана на докторската дисертација на Д-р Вангелче Митревски, 2004
• Ментор на докторска дисертација на Д-р Илиос Вилос, декември, 2006
• Ментор на докторска дисертација на Д-р Љупчо Трајчевски , јули 2008

Книги


•  Т.Герамитчиоски , “Машински елементи - збирка решени задачи”, Универзитет “Св.Климент Охридски” - Битола, 1994год.
•  Т.Герамитчиоски,”Машински елементи - практикум за вежби”, Технички Факултет-Битола, интерна скрипта
•  Т.Герамитчиоски,”Основи на Машинството”,основен учебник, Универзитет “Св.Климент Охридски”-Битола, издавач печатница “Киро Дандаро”-Битола, 1996 год.
•  Т.Герамитчиоски, В.Митревски, Компјутерска пресметка на машински елементи, дел 1,  практикум во издание на Технички факултет Битола, 2001
•  Т.Герамитчиоски, Машински елементи кај графичките машини, скрипта од предавања за студентите на  графички отсек, октомври, 1999год.    
•  Т.Герамитчиоски, Машински елементи со техничко цртање, скрипта од предавања-учебно помагало за студентите од Факултетот за биотехнички науки Битола, 2001
•  Т.Герамитчиоски, Одбрани делови од теоријата на конструирање на машините”-скрипта
•  Митревски, В., Вилос, И., Герамитчиоски, Т. “Пресметка на ремени преносници”, учебно помагало, Технички факултет, Битола.2008г.

Трудови и конф.

 

 

 

 

 

Трудови (кликнесте тука)

 

 

 

Стручно апликативна дејност (кликнете тука)

Конференции (кликнете тука)

 

 

Научноистражувачки проекти

1. Анализа на причините за појава на повишена бучава, вибрации, температура на амбиентот и нивно штетно влијание врз работоспособноста на работниците во индустријата со изнаоѓање на решенија за нивно намалување, - научно-истражувачки проект финансиран од страна на Министерството за наука на Република Македонија под бр. 08-1175/1 од 12.04.1996 год. Т.Герамитчиоски -главен истражувач и раководител на проектот.; завршен извештај декември, 1999
2. Бучава и вибрации во графичката индустрија - научно-истражувачки проект финансиран од страна на Министерството за наука на Република Македонија под бр. 08-1175/1 од 12.06.2000 год. - Т.Герамитчиоски -главен истражувач и раководител на проектот.
3. TEMPUS JER Proekt – BITMEH(UM JEP –14136-99):Specialist Studies for Professors of Secondary Vocational Education in Mechanics   - Специјалистички студии за професори во средните технички училишта, учесник во проектот

Публикувани научни книги (монографии)

1. Т.Герамитчиоски, Вибрации и бучава кај редукторите, монографија, научно дело во издание на Технички факултет-Битола, финансирано од страна на Министерството за наука на Македонија, 1998   
2. Т.Герамитчиоски, Ѓ.Тромбев, В.Митревски, И.Вилос, Бучава во прехрамбената индустрија на Пелагонискиот регион, -монографија- во издание на Технички факултет-Битола, 2001

Рецензии на научноистражувачки и други проекти

Во изминатиот период 1998 до денес е рецензент на 30 (триесет) рецензии за подобност и оценка на научноистражувачки проекти доделени од страна на Министерството за образование и наука на Р.Македонија како експерт од областа на машинските конструкции, бучава и вибрации, технологија на обработка;
Исто така, како експерт на Европската комисија за образование преку Европската тренинг фондација ЕТФ-Торино, Италија која е институција на Европската комисија, вклучен како ревизор на состојбите во системите на средното стручно образование и обука на соседните земји Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија.

Др. активности

Стручен консултант во една од најреномираните фирми МИКРОСАМПРИЛЕП
на делот на инсталирање на мониторинг и анализа на
вибрациите на склоповите и конструкциите на сопствените машините.